ФОТО: Си возел околу тренинг центарот на Реал Мадрид, па добил удар во колата од Зидан

Непознат човек возел со својот автомобил околу тренинг центарот на Реал Мадрид и имал блиска средба со Зинедин Зидан, првиот тренер на мадриѓани.

Францускиот стратег возел несовесно и удрил во неговиот автомобилот, па морал да застане и да погледне што направил. Шоферот бил негов голем фан и му овозможил да ја среди целата ситуација без присуство на многу медиуми.

Осигурителните документи биле пополнети без никаков проблем, а средбата била овековечена со „селфи“ фотографија.

Неколку часа подоцна, човекот добил повик од близок човек до Зидан и ги средил осигурителните документи за поправка на автомобилот.