ВИДЕО: Шоу во соблекувалната - синот на Марсело без грешка го направи „header challenge“

син на Марсело

Бразилскиот репрезентативец и лев бек на Реал Мадрид, Марсело, се чини дека го доби својот наследник. Се работи за неговиот осумгодишен син, Ензо Виеира, кој со својата умешност и талент ја одушеви цела соблекувална на „кралевите“.

Младиот Ензо со глава ја додаваше топката до сите соиграчи на неговиот татко, а на крај истата ја смести во „кош“ и предизвика еуфорична реакција и скандирање од ѕвездите на Реал.

 

A post shared by Marcelo Vieira Jr. (@marcelotwelve) on

Се чини дека тој го наследи талентот на Марсело, особено техничкиот дел, а тоа го докажа минатата сезона, кога дебитираше со хет-трик во Бенџамин Б клубот на шпанскиот гигант.