• Иван Димовски
Шекил О'Нил во својата кошаркарска кариера во НБА лигата заработи стотици милиони евра, ама и покрај тоа жали за еден потег. Имено, легендата ја откри својата најголема финансиска грешка.
Станува збор за купениот автомобил од марката Ферари за кој потрошил околу 700.000 долари.
„Не сакам често да зборувам за парите, направив многу финансиски грешки. Кога бев млад вложував во работи за профит, ама често промашував. Сепак, да зборуваме за глупавите грешки. Си купив Ферари од 200.000 евра, па потрошив уште 200.000 за да го уредам внатрешно. Потрошив уште 100.000 евра, а купив и други работи и сумата дојде до 700.000 евра. Тоа беа фрлени пари за автомобил кој ретко го возам и направив глупост“, изјави О'Нил.
Иако не откри за кој модел се работи, според американските медиуми станува збор за автомобилот Ферари 360 Модена.