Се огласи мајката на Роналдо: Секогаш ќе бидам покрај тебе!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е обвинет за силување од страна на американската манекенка Кетрин Мајорга, а нејзините изјави ја шокираа светската јавност. Адвокатот на Американката најави дека официјално ќе биде поднесена тужба против Роналдо за силување. 

Португалецот веднаш ги демантираше обвиненијата за силување, но и покрај тоа американската полиција одлучи да ги истражи изјавите на Мајорга. Јасно е дека Роналдо е под голем притисок, а навивачите на Јувентус се надеваат дека тоа нема да се одрази на неговите игри. Тој веќе доби поддршка од фановите, но сега јавно ја доби и од неговото семејство.

„Иако сум далеку од тебе, секогаш ќе ти ја давам мојата поддршка. Сè ќе биде во ред. Господ е голем“, порача неговата мајка Долорес на Инстаграм.

Таа е сигурна дека ќе се докаже дека Роналдо не е виновен, и смета дека ова е само уште еден обид некоја анонимна девојка да стекне слава и популарност користејќи го неговото име.