ФОТО: Роналдо и Меси го срушија интернетот со заедничка фотографија за „Луј Витон“!

На еден ден пред почетокот на Светското првенство во Катар, објавена е реклама која што не е поврзана со планетарниот собир, но во која во главните улоги ги играат Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Португалскиот ас и првата ѕвезда на аргентинската репрезентација учествуваа во рекламна фотосесија за брендот „Луј Витон“. Повеќекратните добитници на „Златната топка“ ги рекламираа чантите, играјќи шах на една од нив.

„Победата е состојба на умот“, стои во описот што го придружува фотографијата.

И двајцата на своите Инстаграм профили ја објавија оваа реклама за која пренесоа сите светски медиуми. Роналдо за само три часа собра скоро осумнаесет милиони лајкови, додека Меси три милиони помалку.