Роналдињо остана без пасош и доби забрана за излез од Бразил

Роналдињо

Врховниот суд на Бразил ја потврди одлуката со која му беше одземен пасошот на Роналдињо.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња има забрана за излез од својата држава додека не се реши судската постапка против него поради „криминална активност против животната средина“.

Минатата година, Бразилецот остана без својот пасош откако одби да плати казна од 2,1 милиони долари.

Поранешниот бразилски репрезентативец изградил платформа за риболов и чамци и тоа го направил без дозвола на Министерството за заштита на локалната средина.