Рамос на свадбата поканил легенди и тројца фудбалери од Барселона

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ја подготвува свадбата со свршеницата Пилар Рубио, а тројца фудбалери од Барселона ќе бидат присутни на големата церемонија.

Двјацата се во врска веќе подолго време, па решија да си го кажат судбоносното „да“. На свадбата ќе свири познатата група „АС/ДС“, а тројца фудбалери од лутиот ривал Барселона ќе бидат присутни на истата.

Покани за свадба добиле Жерар Пике заедно со сопругата Шакира, како и репрезентативните Жорди Алба и Серхио Бускетс. Таму ќе бидат присутни и имиња како Флорентино Перез, Луис Енрике, Раул Гонзалез, Дејвид Бекам, Икер Касиљас, Роберто Карлос...

Свадбата на капитенот на „Кралевите“ е закажана в сабота.