Првиот фудбалер кој призна дека е хомосексуалец: Далеку сме од прифатени...

Првиот професионален фудбалер кој јавно призна дека е хомосексуалец беше Џош Кавало. Австралиецот во 2021 на своја 21-годишна возраст јавно откри дека е геј и тоа предизвика лавина реакции. 

Сега во еден разговор со медиумите, тој откри дека уште не е целосно прифатен во светот на фудбалот. 

„И понатаму мислам дека сме далеку од прифатени во фудбалот. Гледајќи назад, човек не може да биде успешен и да биде свој. Имав многу закани за смрт, кои и сега ги добивам и тоа е прилично тажно. Имам многу силна мрежа за поддршка, има добри и лоши денови, ама најважно е дека сум слободен. Си легнувам да спијам среќен. Јас сум Џош Кавало, фудбалер сум, геј фудбалер и горд што тоа можам да го кажам“, изјави Кавало.

Сега Кавало има 25 години и настапува за Аделејд Јунајтед во австралиската прва лига. По него имаше и други фудбалери кои јавно открија дека се хомосексуалци.