• Саше Љолес
Англискиот фудбалер Енди Керол бил приведен од грчката полиција откако соседите пријавиле жестока расправија во неговата хотелска соба на островот Миконос, каде заминал на летен одмор со својата партнерка.
Керол се однесувал некултурно кон органите на редот, а потоа бил приведен во полициска станица, каде морал да даде изјава и да плати казна за нарушување на јавниот ред и мир.
Полицајците изјавиле дека Керол се однесувал многу некултурно, бил во алкохолизирана состојба и користел погрдни и навредливи зборови за неговата партнерка.
Англичанецот пред само два дена замина од францускиот клуб Бордо, истакнувајќи дека сака да биде во родната земја, каде би имал повеќе време за неговите деца.