ВИДЕО: Поради ова е потребна ВАР технологија во ЛШ

Пероти

Еден од најзабавните Твитер профили сигурно е оној на екипата на Рома, кој ја користи секоја прилика да сподели интересни видеа со цел да им ги разубави деновите на своите приврзаници.

Тоа го направи и тоа како успешно со вчерашната објава насловена „поради ова мора да се воведе ВАР технологија во Лигата на шампионите“. Секако, содржината во видеото е далеку од сериозна и истата ни го прикажува „директниот дуел“ помеѓу Диего Пероти, фудбалерот на „римската волчица“ и неговиот син.

29-годишникот направи фаул, а по големите протести од трибините, главниот судија немаше избор, па повика разгледување на целата ситуација. Резултатот беше директен црвен картон за Аргентинецот.

Погледнете ја урнебесната ситуација на „Олимпико“: