Полицијата од Лас Вегас бара ДНК од Роналдо поради случајот со силуваната девојка

Роналдо ДНК

Новозапочнатата истрага за наводното силување на Кристијано Роналдо донесе нов правец, откако полицијата во Лас Вегас побарала ДНК од фудбалерот, кој моментално настапува во Италија.

Обвинителството сака да знае дали примерокот на Португалецот ќе се совпадне со оној пронајден на облека на американскиот модел Кетрин Мајорга.

Тужбата против Роналдо гласи дека тој сексуално ја нападнал девојката во хотел во Лас Вегас во 2009 година. Потоа, за да не се дознае целиот случај во јавноста, негов адвокат се договорил со неа и ѝ платил 325.000 долари кои биле доволни за нејзиното молчење.

Но, оваа година германски „Der Spiegel“ повторно го „отвори“ случајот и предизвика нова истрага со која дополнително ќе се истражува немилиот настан кој може значително да влијае на кариерата на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.