ФОТО: Погба се појави со нова фризура, Бен Једер го „пецна“ за поразот на Јунајтед во ЛШ

Бен Једер

Големите ѕвезди им се приклучија на своите репрезентации во пресрет на паузата која ќе донесе голем број на пријателски средби ширум светот.

Франција в петок ќе игра против Колумбија, а два дена подоцна ќе биде домаќин на Русија. Пол Погба, ѕвездата на Манчестер Јунајтед, им се придружи на своите соиграчи и во пресрет на репрезентативната пауза се пофали со новата фризура.

25-годишникот имаше интересна средба со Висам Бен Једер, стрелецот на два гола за Севиља која го исфрли Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите (ЛШ), која напаѓачот на Андалузијците ја искористи за мала провокација кон својот сонародник.

Погба има сезона за заборав во дресот на „црвените ѓаволи“ и во повеќе наврати го разочара Жозе Мурињо и навивачите, кои очекуваа повеќе од најскапоплатениот фудбалер на екипата.