По повод денот на лицата со попреченост, Македонија ЃП им подари потпишани дресови на Јане и Лео

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров на Меѓународниот ден на лицата со попреченост се дружеше со дечињата од ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“-Хром, во кое заедно со централното училиште учат 16 ученици со посебни образовни потреби.

По повод овој ден, од клубот им подарија дресови на малите херои Јане и Лео потпишани од сите фудбалери.

„Во зависност од нивните потреби, општината за дел од нив има ангажирано образовни или лични асистенти кои им помагаат во текот на училишниот ден. Задоволство е да видиме како нашиот амбасадор малиот Јане и херојот Лео успеваат да ги поминат сите потешкотии во наставниот процес, со помош на наставниот кадар и соучениците. Се грижиме сите да бидат рамноправно интегрирани во образовниот процес и да им го олесниме секојдневието“, велат од редовите на Македонија ЃП. 

„Лавовите“ зад себе оставија успешна есенска полусезона во ПМФЛ и по 17 кола се пласирани на петтата позиција со 23 бода, четири помалку од второпласираната Шкендија.