ВИДЕО: Пинто не е повеќе музичар, поранешниот голман има ново хоби!

Хозе Мануел Пинто беше член на најуспешната генерација на Барселона, предводена од клупата на Пеп Гвардиола. Многу години тој беше резерва за Виктор Валдес, а најмногу доби можност да игра во Купот и на пријателските натпревари. 

Пинто се збогуваше со фудбалот пред пет години, кога реши да стане музичар и да настапи под псевдонимот Ваин. Во меѓувреме тој ја смени својата окупација и има ново хоби.

Имено, Пинто стана инструктор за танцот зумба-зумба и дава часови за заинтересираните. Пинто во своите витрини има три титули од Примера и две од Лигата на шампиони. 

Во сезоната 2005/06, кога играше за Селта, ја доби и наградата „Рикардо Замаро“ - трофеј кој традиционално му се доделува на голманот со најмалку постигнати голови во текот на една натпреварувачка година.