ФОТО: „PES 2020“ си направи невиден сеир со Нејмар, му даде улога на камерман

Нејмар насловна

Љубителите на видео игри на 10 септември оваа година ќе имаат можност да уживаат во најновата верзија на популарната „PES 2020“.

Во меѓувреме, во јавноста се појавуваат мали детали како ќе изгледа играта, а последната демо симулација има мала провокација за Нејмар.

На видеото се гледа како Бразилецот се појавува во улога на камерман, идентично облечен како на дуелот со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите минатата сезона.