ФОТО: Пеп се опушта со голф, Де Лихт со девојката, а Мбапе замина на одмор во САД

Одмор на фудбалери

Со исклучок на јужноамериканските играчи, кои имаат обврски на Копа Америка, сите останати фудбалски ѕвезди започнаа да ги користат своите годишни одмори.

Килиан Мбапе веднаш замина за САД и беше дел од НБА финалето, Пеп Гвардиола како и секое лето се опушта играјќи голф, а Матијс Де Лихт, најбараниот фудбалер во Европа, со својата девојка ужива на плажа.

Герет Бејл исто така го поминува одморот на голф терените, Иван Ракитиќ со најблиските е во Абу Даби, Јан Облак се врати во родната Словенија, а Миконос е една од најчесто посетуваните дестинации на познатите фудбалери.

Погледнете ги луксузните годишни одмори на фудбалерите: