ВИДЕО: Пари, накит, медал... еве што сè украде албанската банда од ѕвездите на Реал и Атлетико Мадрид

Шпанската полиција успеа да ги приведе петмината албански државјани кои неколку месеци во низа ги ограбувале ѕвездите на Реал и Атлетико Мадрид. 

Уапсените криминалци се товарат за тешки кражби извршени во домовите на неколку играчи на мадридските клубови. Украден бил накит, илјадници евра, луксузни автомобили, па дури и медал во Лигата на шампионите, кој му припаѓал на еден од фудбалерите на Атлетико Мадрид.

Европол објави и видео запис од апсењата на албанската банда што работи во Шпанија, која стана кошмар за играчите на Реал и Атлетико, како и тренерот Зинедин Зидан. На мета беа уште Касемиро и Иско од Реал и Томас Парти од Атлетико.