• Сашо Поповски

Англиската репрезентација денес ќе го одигра првиот меч на Мундијалот, против Иран. Тоа ќе биде шанса за избраниците на Герет Саутгејт за први бодови во групната фаза.
Англичаните допатуваа во Катар со високи амбиции. Тамошните медиуми веруваат дека оваа генерација е доволно талентирана за да ја освои светската титула.
Репрезентативците ќе имаат поддршка од голем број навивачи. Меѓу нив ќе бидат нивните понежни половини, кои добија серија строги инструкции за однесување, со цел да избегнат казни од наделжните органи.
Облеката и начинот на однесување во јавност ќе биде проблемот со кој ќе се соочат овие убавици на фудбалерите на Англија.












