• Сашо Поповски

Португалија е една од неколкуте екипи кои по две кола обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство 2022.
Кристијано Роналдо и соиграчите одлично одговорија на предизвикот и запишаа победи над Гана и Уругвај. Тимот предводен од Фернандо Сантош ќе има шанса да одмори неколку ѕвезди во последното коло од групната фаза.
Португалските фудбалери во Катар уживаат покрај своите понежни половини. Овие убавици ги разубавија трибините на воведните два натпревари на Мундијалот.









