Од трофеен фудбалер до силувач и проповедник: Новата „улога“ на Дани Алвес (ВИДЕО)

Еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња и вториот најтрофеен фудбалер во историјата, Дани Алвес, доживува огромна трансформација во животот.

Поранешниот играч на Барселона, Јувентус и ПСЖ минатата година беше осуден на четири ипол години затвор поради силување на неколку девојки, но подоцна беше ослободен со кауција од еден милион евра. 

Во март оваа година, второстепениот суд ја поништи пресудата дека Алвес е виновен поради „недостаток на веродостојност на сведочењето на обвинителот и недоследноста во претходната пресуда“.

Потоа беше поднесена жалба до Врховниот суд за поништување на пресудата за силување против Дани Алвес, и тој повторно стана слободен човек. 

Откако помина една година во затвор обвинет за сексуален напад, Алвес води сосема поинаков живот, далеку од медиумите и професионалниот фудбал. На социјалните мрежи циркулираат бројни видеа на кои се гледа како тој проповеда во црква во Џирона.

Може да се слушне како изговара реченици како: „Мора да имаш вера во Бога, јас сум доказ за тоа. Склучив договор со Него. Бидејќи она што Бог го ветува, Бог го исполнува.

Многумина се сомневаат во неговата искрена намера да стане религиозен човек и проповедник, но има и такви што максимално го поддржуваат и сметаат дека неговата преобразба треба да биде пример за другите луѓе. 

Дани Алвес важи за еден од најславните бразилски фудбалери на сите времиња. Неговата трага во спортот е неизбришлива, без оглед на инцидентите надвор од фудбалските терени.