ФОТО: Од еден капитен до друг – Лазаров и Ѓорѓиев си посакаа среќа

Македонската одбојкарска репрезентација денес игра важен натпревар во квалификациите за Европското првенство. Во Скопје гостува Турција, која ни зададе тежок пораз на последниот судир на континенталниот собир во 2019 година.

Во пресрет на мечот, капитенот на Македонија, Никола Ѓорѓиев, беше во друштво на неколку македонски ракометари. Кирил Лазаров и Филип Талески му посакаа среќа на денешната средба која има исклучителна важност за нашиот национален тим.

За разлика од одбојкарите, ракометните репрезентативци треба да отпатуваат за Египет, каде ќе учествуваат на Светското првенство. Желбата кај македонските фанови се исполни, па нашата селекција ќе биде меѓу најдобрите 32 на Мундијалот 2021.