ВИДЕО: Новак и Јелена се опуштија и заедно пееја хит на Оливер Драгојевиќ

Новак Ѓоковиќ Хрватска

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на денешницата, замина на одмор во Хрватска, на островот Корчула.

Вчера ги изненади мештаните и направи неколку фотографии со нив. Потоа заедно со сопругата Јелена се забавуваше со хитовите на популарниот пејач Оливер Драгојевиќ.

Заедно со музичката група во ресторанот пееше и уживаше покрај своите најблиски:

По титулата на Вимблдон и во пресрет на американската турнеја турнири, српскиот тенисер ги користи слободните денови на плажите во Хрватска.