Нов скандал на Руни: Возел пијан и ја изневерил сопругата со келнерка

Вејн Руни скандал

Поранешниот англиски репрезентативец и легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, никако не учи од своите грешки.

Американските медиуми пишуваат за негов нов скандал во кој е вклучена една келнерка, со која наводно напаѓачот на ДС Јунајтед ја изневерувал својата сопруга. 33-годишникот ја сретнал Вики Рошик во еден бар на Флорида, а откако испиле голема доза на алкохол, влегле во автомобил и возеле несовесно низ улиците во два часот по полноќ.

Ова не е прв скандал на Руни, за кого и претходно јавно се пишувало дека има проблеми со алкохолот и дека има неколку афери во САД.

Ваквото однесување на Англичанецот би можело да му донесе распад на бракот со сопругата Колин, со која што има три деца.