Ноле во дрес му ја честита МВП-титулата на Јокиќ: Те сакам, брате! (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го оствари најголемиот успех во кариерата откако е прогласен за МВП на регуларниот дел во НБА-лигата, а честитки доаѓаат од сите страни, вклучувајќи ги дури и од најдобрите светски спортисти.

Еден од оние кои му испрати честитка на „чудото од Сомбор“ беше најдобриот светски ас Новак Ѓоковиќ. Сонародникот на Јокиќ играше тенис на терените во Париз во дрес на корпулентниот кошаркар, па му испрати порака.

„Честитки до мојот брат Никола за МВП титулата. Те сакам, брате“, напиша Новак на „Инстаграм“ и објави видео.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Првиот кошаркар на Денвер Нагетс од почетокот на сезоната беше кандидат за најдобар кошаркар и сосема заслужено наградата сега е во неговите раце. Јокиќ е третиот европеец кој успеал да го добие ова признание, по Дирк Новицки и Јанис Адетокумбо.

Јокиќ оваа сезона со Денвер игра во полуфиналето на Западот, а во просек има 26,4 поени, 10,8 скока и 8.3 асистенции по натпревар. Србинот беше 41-ви пик на НБА-драфтот и е најниско рангиран кошаркар кој успеал да дојде до ова признание. Воедно, Јокиќ е и шестиот играч кој не е Американец, а е прогласен за МВП.