ВИДЕО: Нејмар се поднови со уникатен „Бетмобил“ вреден повеќе од милион евра!

Бразилскиот фудбалер и член на Сантос, Нејмар, се „поднови“ со скап „Бетмобил“ кој е вреден дури 1,3 милион евра!

Славниот напаѓач цели три години чекаше за да го добие овој специјален автомобил, но ќе може само да го вози на приватен имот и на специјални наменски авто-патеки, затоа што перформансите не се во согласност со прописите и правилата за обични моторни возила. 

Ова не е првпат Нејмар да троши големи средства на луксузни и уникатни автомобили. Во неговата колекција има неколку модели од елитни брендови како „Масерати“, „Бугати“, „Ауди“, „Ламборгини“ и „Астон Мартин“.