• Редакција Gol.mk
Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, повторно е во центарот на вниманието во јавноста, а овој пат поради изјавата на одбојкарката Кеј Алвес, која изнесе неколку „тајни“ од нивната комуникација.
Алвес изјави дека Нејмар ѝ праќал пораки во кои бара таа да дојде во неговиот дом заедно со нејзината сестра-близначка. Фудбалерот пишувал дека сака тие заедно да дојдат во неговиот кревет и „лудо да се забавуваат“.
Засега, Нејмар не ги прокоментира овие изјави, но јавноста знае дека во нив веројатно има доза вистинитост, особено поради тоа што фудбалерот неколку пати беше виден во друштво на Кеј Алвес изминативе години.