ФОТО: Навивачи на Спартак Москва не забораваат на бомбардирањето на Југославија

Спартак Москва

Во далечната 1999 година, НАТО ја бомбардираше тогашна Југославија, која одзеде огромен број животи и донесе голема штета на територијата на сегашна Србија.

Навивачи на Спартак Москва направија прекрасен гест во чест на настраданите од овој немил настан. На годишнината тие се собраа пред спрската амбасада во главниот град на Русија и положија цвеќе.

Притоа, со себе понесоа и покажаа транспарент на кој пишуваше на српски јазик: „Не заборавај никогаш!“.