ВИДЕО: Навивачи на Бенфика брутално претепаа ривали од Порто на Хвар

Бенфика Порто тепачка

Ривалството помеѓу фудбалските фанови често знае да предизвика сериозни инциденти надвор од трибините.

Таков беше случајот пред неколку дена кога неколку португалски фанови направија тепачка на Хвар. Се работи за припадници на навивачкиите групи на Бенфика и Порто, кои предизвикаа хаос на плажите на хрватскиот остров.

Побројните навивачи на екипата од Лисабон беа немилосрдни и брутално, со раце и нозе, удрија по своите сонародници. Искинати дресови и модрици беа последиците по меѓусебниот судир.

Порто го осуди овој немил настан и им порача на своите приврзаници дека искинатите дресови ќе им ги замени со нови.