• Саше Љолес
Поранешниот француски репрезентативец, Самир Насри, даде една жестока изјава поврзана со првата ѕвезда на „триколорите“, Килијан Мбапе.
Изјавата доаѓа по коментарот на мајката на Мбапе, која рече дека нејзиниот син уште е мало дете, нема возачка дозвола и не излегува на ноќни забави, како што го правеле тоа неговите врсници.
„Килијан, време е да пораснеш. Двајцата станавме професионалци на 17 години, јас играв за Марсеј, но во исто време знаев да се прошетам, да излезам во клуб, да се дружам со пријателите. Возев автомобил со 18 години и не се плашев од тоа.
Секогаш ќе има луѓе што ќе приоѓаат да се фотографираат или да побараат автограм, Ѕвезда си, соочи се со животот и порасни“, изјави Насри.
Мбапе веќе има полни 22 години и важи за една од најголемите светски фудбалски ѕвезди.

