Наоми Осака ја предводи листата на најбогати спортиски во 2022 година

Финансискиот магазин „Форбс“ објави листа на спортистки кои заработиле најмногу пари во 2022 година.

На врвот повторно е Јапонката Наоми Осака, која заработи 51 милион долари. Поголемиот дел од заработката на Осака беше остварена надвор од тениските терени, односно од богатите спонзорства во кои доминираше соработката со „Nissan“, „Playstation“, „Levi's“ и други.

Второто место го зазеде Серена Вилијамс, која се повлече по УС Опен. Серена не играше премногу турнири, но тоа не ја спречи да заработи 41,3 милиони долари.

Верувале или не, на третото место е скијачката во слободен стил Ајлин Гу, со заработка од 20 милиони долари. Таа освои два златни и еден сребрен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Ема Радукана (18,7 милиони) и Ига Свијатек (14,9 милиони) ја затвораат првата петорка.