Најпознатата спортска новинарка чека нова принова со Кариус!

Спортската новинарка Дилета Леота и голманот на Шалке 04, Лорис Кариус, споделија среќна вест со јавноста. Преку објава на социјалната мрежа Инстаграм, познатата двојка откри дека го очекува своето второ дете.

Леота и Кариус веќе имаат ќерка по име Ариа, а италијанската водителка повторно е бремена – овој пат исто така со девојче.

„Овој Божиќ не можевме да посакаме поубав подарок. Ариа ќе стане постара сестра, а нашите срца се подготвени да сакаат двојно повеќе“, напиша Леота под семејната фотографија која ја објави на својот профил.

Објавата за многу кратко време собра повеќе од 500.000 лајкови, како и голем број честитки и позитивни коментари од следбениците и познатите личности.