• Мартин Танасковски
Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт, додека е надвор од атлетиката учествува на хуманитарни натпревари. Така беше и сега, кога настапи на меч во во Лондон, но нема да го памети по добро.
На „Стемфорд бриџ“ се собраа многу звучни имиња со цел за помош и кампања на УНИЦЕФ. Тимот на светот се судри со Англија, а за него играше Јусеин Болт.
Сепак, тој беше изнесен на носилки од теренот поради повреда. Лекарските прегледи утврдиле дека се работи за скината Ахилова тетива.
Легендарниот Болт поради повредата ќе мора да оди на операција.