ФОТО: Надал има големо срце, дојде да им помогне на поплавените во Мајорка

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати во својот роден град Мајорка за да покаже голема хуманост и да им помогне на жителите чии домови се зафатени од поплавите.

Градот во Шпанија го погоди голема катастрофа, која донесе жртви, а исто така и остави и луѓе на улица без кров над главата. Надал е во родниот град, а на сите кои немаат дом, им понуди место во својата академија каде има поставено монтажни кревети.

„Тажен ден за Мајорка. Искрено, сочувствувам со сите што ги загубија своите блиски“, кажа Надал.

Според информациите на шпанските служби, досега десет луѓе го загубиле животот.