На Наинголан не му е до фудбал: Неговата сопруга се бори за живот! 

Пред извесен период раководството на италијанскиот гигант Интер објави дека за следната сезона нема да сметаат на Мауро Икарди и Раџа Наинголан, кои ќе добијат зелено светло за трансфер ова лето.

Дефинитивно, оваа вест не му се допадна на белгискиот играч за врска, но во овој момент сигурно не ни размислува за својата нова средина. Причината е сериозната болесt со која се бори неговата сопруга Клаудија. Нејзе ѝ е дијагностициран карцином, за кој ќе биде неопходно долготрајно лекување.

„Еден месец се будам со верба дека тоа е само ноќна мора. Но, за жал не е. Денес почна ново поглавје во мојот живот  - хемотерапија. Никој не би рекол дека Клаудија ќе стравува да почне нов ден. Им благодарам на сите за поддршката, особено на семејството и пријателите кои ми помагаат да бидам уште посилна“, меѓу другото напиша Клаудијa на социјалните мрежи. 

Наводно, заради лошата состојба на својата сопруга, Наинголан ги стопирал сите преговори со кинеските клубови и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Европа. Со Клаудија имаат две ќерки, Мејли (3 години) и Ајша (7 години).