• Горан Упале
Англиската фудбалска ѕвезда, Џек Грилиш, неочекувано доби еден месец одмор, бидејќи не се најде на конечниот список на Герет Саутгејт за Европското првенство во Германија.
Еден од најпознатите играчи од редовите на моќниот Манчестер Сити, Џек Грилиш, беше меѓу последните „исфрлени“ од селекторот Герет Саутгејт пред објавувањето на конечниот список на Англија за Европското првенство во Германија. Таа одлука беше донекаде изненадувачка, со оглед на тоа што Грилиш беше многу важна алка во најмоќниот тим во Премиер лигата.
Колку што е одличен играч, толку е и голем „боем“, па веднаш најде начин како да го искористи слободното време во текот на летото. Тој отиде директно во светски познатото „жариште“ на медитеранскиот ноќен живот - Ибица. До ова сознание јавноста дојде по објавата на сопственикот на познатиот ноќен клуб „Оушн“, Вејн Линекер.
Ако презимето ви звучи познато, не треба да чуди, бидејќи се работи за брат на легендата на англискиот фудбал Гери Линекер. Вејн е бизнисмен и поседува вистинска „империја“ на барови и ноќни клубови во Шпанија.
Некои сајтови почнаа да се шегуваат на сметка на заедничката фотографија на Линекер и Грилиш, велејќи дека асот на Сити е „на позајмица четири недели на Ибица“. Првиот натпревар на Англија е против Србија на 16 јуни во Гелзенкирхен.