Му кажа „ДА“ на врвот на Пелистер: Годината почна со брак во спортот (ВИДЕО)

Поранешниот младински ракометен репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски ја запроси својата девојка на врвот на Пелистер, на надморска височина од 2.601 метри.

На настан кој традиционално го организираат планинарите од Битола со наслов „Први на Први“, Петровски реши да ја побара раката на својата девојка Мишела, која му кажа „ДА“.

Запросувањето се случи на изгрејсонце и температури од минус 30 на првото jануарско утро од најубавата планина во Македонија. Во моментов, Дарио Петровски игра ракомет во Германија, а зад себе има настапи и во Италија, Еурофарм Работник и Пелистер.