• Мартин Танасковски
Аргентина го освои Светското првенство (СП) во Катар со победа над Франција во финалето, а тоа предизвика невидена еуфорија во земјата на „гаучосите“ каде се чекаше титула уште од ерата на Марадона во 1986 година.
35-годишниот Лео Меси беше лидер во тимот и го освои единствениот трофеј кој му недостасуваше. Банката на Аргентина имаше состанок и сака да го награди со уште едно големо признание, а тоа е неговиот лик да се најде на аргентинските пезоси.
Имено, како единствен играч кој освоил две титули МВП на СП, седумкратен освојувач на Златната топка, Меси добива статус на национален херој и банката планира да го стави неговиот лик на банкнотата од 1.000 пезоси.
Истовремено, на банкнотата од 1.000 пезоси веројатно ќе биде испишано и „Ла Скалонета“, тоа е прекарот на селекторот Лионел Скалони.