ФОТО: Меси и Фабрегас уживаат во луксузен одмор на Ибица

Меси Фабрегас

Лионел Меси заедно со семејството ја продолжи традицијата на заеднички одмор со Сеск Фабрегас.

Поранешните соиграчи од Барселона долги години заедно ги минуваат летните одмори. Ова лето тие одлучија да патуваат за Ибица, каде плаќаат околу 300.000 евра неделно за луксузна вила.

Фудбалските ѕвезди не штедат на луксузот, па ја изнајмија и познатата јахта „Shalimar II“, за која се плаќа 9.000 евра на ден.

Изминатиот викенд Меси и Фабрегас беа дел од свадбената церемонија на Жорди Алба во Севиља. Потоа се упатија кон шпанскиот остров каде ги поминуваат заслужените денови на одмор.