МекГрегор покажа солидарност и донира МИЛИОН ЕВРА за заразените во Ирска!

Конор

Конор МекГрегор гласно побара од власта на Ирска целосно да ја „затвори“ државата, со цел да се извојува победа над епидемијата со коронавирусот.

31-годишникот испрати јавна порака до Министерот Лео Варадкар и побара строги мерки во наредниот период.

Според ММА ѕвездата, ирскиот народ мора да го следи примерот на Кина со цел побрзо да го врати нормалниот живот. Неговата помош не беше изразена само со зборови, туку и со дела.

Од неговата каса беа издвоени еден милион евра кои ќе се искористат за да се набават медицински помагала за заразените од ковид-19.