• Саше Љолес
Поранешниот аргентински тенисер, Диего Шварцман, кој го има прекарот „малиот“ или „El Peque“, се ожени со неговата парнерка, убавата Еугенија Де Мартино, со која е во врска веќе шест години.
Шварцман во текот на кариерата често беше исмеван од дел од јавноста поради неговата висина (170 сантиметри), но важеше за исклучително брз и снажен тенисер.
Тој објави фотографии од свадбата на својот инстаграм профил, каде ја нарече својата сопруга „најубавата жена на светот“, и додаде:
„Немам зборови со кои можам да ја опишам мојата љубов за тебе. Ти ме правиш најсреќниот човек на светот“, напиша Шварцман.
Екс-тенисерот своевремено беше осмопласиран на АТП лисата, а најголем успех на големите турнири му е учеството во полуфиналето на Ролан Гарос во Париз.