• Мартин Танасковски

Најголемата легенда на светската кошарка, Мајкл Џордан, донесе уште едно ново име во својот возен парк и се поднови со автомобил од 3,5 милиони долари.
Шесткратниот првак во НБА-лигата го има еден од најбрзите автомобили во светот. Сопственик е на Веном Ф5 Роудстер, автомобил кој го доби на своето луксузно голф-игралиште на комплексот кој го поседува во Флорида.
Спецификациите кои ги поседува автомобилот не се објавени, но се вели дека оди над 350 километри на час.
