• Саше Љолес
Пoзнато е дека Килијан Мбапе е еден од најплатените фудбалери во Реал Мадрид, но дел од неговите приходи завршуваат директно на сметката на неговата мајка, Фајза Ламари.
Брзоногиот Французин годишно заработува околу 31 милион евра бруто, а неговата мајка, која истовремено му е и агент, добива значителен процент од таа сума. Според повеќе објави, Фајза Ламари на годишно ниво заработува околу 4,500,000 евра само од договорот со својот син.
Има еден куриозитет, таа заработува повеќе од неколку фудбалери на Реал Мадрид, вклучувајќи играчи како Раул Асенсио, Франко Мастантуоно, Гонзало Гарсија, Андриј Лунин, Фран Гарсија, Арда Ѓулер и Брахим Диаз.
Ламари се грижи за организацијата на приватниот, деловниот и финансискиот живот на Мбапе, и имала значајна улога во правниот спор со францускиот ПСЖ околу неисплатените хонорари.