Мајк Тајсон: Без марихуаната ќе бев само едно дебело прасе!

Мајк Тајсон, еден од најдобрите боксери на сите времиња, истакна дека пушњето марихуана го гледа како едно од најважните нешта во кариерата и како нешто од кое имал голем бенефит.

„Челичникот Мајк“ изјави дека без марихуаната ќе бил дебело прасе и дека оваа билка го мотивирала да тренира повеќе.

„Ако не пушев марихуана, никогаш немаше да тренирам. Ќе бев само едно дебело прасе. Говорам од личен агол и лично искуство. Се работи за процес“, кажа Тајсон во интервју.

Истовремено, Американецот соопшти дека планира да отвори плантажа за канабис на Карибите.