ФОТО: Лука Дончиќ пред НБА-мечевите слуша хит од Тоше Проески

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е хит во НБА-лигата, а медиум од САД објави што тој слуша пред натпреварите.

Десет песни се на плеј-листата на кошаркарот на Далас Маверикс, а меѓу нив има една и од Тоше Проески. Се работи за песната „Чија си“. 

Меѓу артистите се и Џеј Рамадановски, МС Стојан, Дрејк, ДаБејби, Џеј Балвин...

Лука Дончиќ е голем почитувач на музиката на Тоше Проески, затоа што претходно уживаше во неговата музика додека се возеше во автомобилот.