Легендата Димитар Бербатов влезе во политиката во Бугарија

Еден од најуспешните бугарски фудбалери, Димитар Бербатов, од денеска е назначен за советник на премиерот Андреј Ѓуров за прашања од областа на младите и спортот.

Бербатов ќе ја поддржува работата на премиерот и на владата во креирањето и спроведувањето политики поврзани со спортот, активниот начин на живот и развојот на младите во земјата.

Неговото долгогодишно искуство на меѓународната сцена се очекува да придонесе за подобрување на спортските стратегии и за поголема поддршка на младите таленти.

Ангажманот на поранешниот репрезентативец претставува обид спортските политики да се градат врз практично искуство и директен увид во потребите на спортистите и младинските програми.