• Зоран Мишевски

Според многумина, најдобриот квотербек во историјата на НФЛ лигата, Том Брејди, привлекува големо внимание поради неговиот турбулентен личен живот во последно време. По тринаесет години тој неочекувано се разведе од Жизел Бундхен, а наводно проблемот е што решил уште еднаш да се врати од пензија. Таа му рекла дека ќе го остави ако го направи тоа, но љубовта кон американскиот фудбал преовладеа.
Жизел наводно веќе нашла утеха во прегратките на тренер за боречки вештини, додека Том решил да започне врска со Вероника Рајек, 26-годишна убавица од Словачка. Вероника уште е во брак со Рајек, но тоа воопшто не му пречи на Брејди, кој, според американските медиуми, подготвува нов развод, овој пат на Вероника од Виктор Рајек, 37-годишниот член на словачкиот боб тим.
Тие двајца се во брак три години, но долго време не живеат заедно, па Вероника почнаа да ја поврзуваат со Брејди. Сепак, Викторија неодамна се појави на натпреварот на Тампа Беј Баканиерс и го пофали Брејди. Вероника е најпопуларниот модел во Словачка и за многумина е една од најубавите девојки во Европа.
„Ја видов легендата. Ако некој ме праша дали го сакам Брејди? Да, го сакам и покажете ми некој што не го сака. Дури и хејтерите го мразат затоа што е најголемиот досега“, рече Вероника.
Брејди, покрај тоа што е најпопуларен, е и еден од најбогатите спортисти на американскиот континент.