ВИДЕО: „Лажен Нејмар“ се шеташе низ стадион и го измами обезбедувањето во Катар

Нејмар

Човек од Бразил, кој наликува на Нејмар, уште еднаш го измами обезбедувањето во Катар.

Со капа на главата и очила за сонце тој се појави на теренот и „глумеше“ фудбалска ѕвезда. Некои навивачи дури и побараа фотографија со него.

Претходно, овој тип се појави на трибините меѓу бразилските навивачи и измами неколку коментатори, кои помислија дека повредниот Нејмар е меѓу своите сонародници.