ФОТО: Кузмановски одново со фризурата од ЕП 2018 во Хрватска

Филип Кузмановски поради облог остана без косата на Европското првенство во Хрватска 2018 година.

Тогаш заедно со Дејан Манасков и Стојанче Стоилов се истрижа „кец“, откако тројцата загубија облог со останатите репрезентативци. Истиот гласел дека тие ќе мора да се истрижат ако Македонија го освои првото место во групата Ц, што и се случи.

Од новата сезона, 23-годишникот е дел од Магдебург, каде ја игра првата сезона надвор од границите на нашата земја.

Денес тој на социјалните мрежи се пофали со новата фризура, а заслужни за истата се Жељко Муса и Марко Бежјак.

Никој не знае дали одново се работи за облог, или пак, промена на имиџ на македонскиот ракометар...