Кулушевски станува „вујко Дејан“, сестра му и колега од репрезентацијата ќе добијат дете

Фудбалерот на Брајтон и шведски репрезентативец Јасин Ајари сподели убава вест и откри дека со својата свршеница Сандра Кулушевска очекуваат бебе.

22-годишникот и Сандра, која е сестра на Дејан Кулушевски, се верени од мај 2024 година. Тие својата радосната новост ја објавија на социјалните мрежи со порака дека нивното семејство ќе се зголеми во 2026 година. Исто така фудбалерот на Брајтон викендов даде премиерлигашки гол и прослави сигнализирајќи дека чека принова.

„Вујко Дејан“ ќе добие внук, а интересно е дека тој и Ајари се колеги во репрезентацијата на Шведска, но и ривали во Премиер лигата. 

Инаку, Сандра со својот вереник претходното лето го посетија и Охрид од каде што семејството Кулушевски има потекло.