• Мартин Танасковски
Поранешниот репрезентативец на Македонија кој сега важи за еден од најдобрите шведски фудбалери, Дејан Кулушевски, и поранешната репрезентативка на женската фудбалска селекција на Босна и Херцеговина, Елдина Ахмиќ, го изговорија судбоносното „да“ и стапија во брак.
Церемонијата се одржа во шведскиот град Хелсингборг и привлече големо внимание, не само поради двојката, туку и поради бројните фудбалски имиња кои беа дел од свеченоста. Меѓу гостите беше и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
Покрај популарниот Ибра, на југот на Шведска присуствуваа и други истакнати имиња од светот на фудбалот – како Лука Бергвал, соиграч на младоженецот од Тотенхем и шведската репрезентација, потоа Антони Еланга од Нотингем Форест, како и многу други.
Кулушевски, кој двапати по ред е прогласуван за најдобар фудбалер на Шведска, и Ахмиќ, поранешна фудбалерка на БиХ, со оваа венчавка потврдија својата љубов, заокружувајќи уште едно значајно поглавје во своите животи.